spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Cредба на ЗМНР Исаки, со заменик министерот за Европа и надворешни...

МНР: Cредба на ЗМНР Исаки, со заменик министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Фино

Заменик-министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-ѓа Фатмире Исаки, оствари средба со г-ѓа Меги Фино, заменик министер за Европа и надворешни работа  на  Република Албанија.

  На средбата изразено обостраното задоволство за одличната меѓусебна комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, соработката во повеќе области од заемен интерес, како и од активностите кои ги поврзуваат двете држави во заедничка перспектива во рамките на европските интеграции. Потврдена е заедничката посветеност кон европските принципи, решителноста и посветеноста на двете земји во спроведувањето на потребните реформи на патот кон европската интеграција, како и оправданите очекувања значителен напредок да биде постигнат уште во првата половина од оваа година.

Посетата беше искористена за размена на мислења и разгледување на можностите за унапредување на билатералната соработка, која се остварува веќе со значаен интензитет и содржини преку конкретни проекти и иницијативи. Таквата постојна состојба ќе ги потврди и ќе ја поттикне заемната волја за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка. Во  рамките на билатералната соработка беше повторен интересот за одржувањето на Втората Заедничка седница на Владите во прва наредна прилика, што ќе претставува можност за потпишување на нови билатерални договори и за натамошно збогатување на билатералната соработка во сите области во кои ќе биде идентификуван заемниот интерес.

Заедничка беше констатацијата дека економската соработка претставува еден од приоритетите во надворешната политика на двете земји, област каде постојат можности и неискористени капацитети за натамошен развој во насока на постигнување економски развој на двете земји и регионот во целост, а со тоа и подигнување на стандардот на граѓаните. Посебно беше подвлечена неопходноста од интензивирање на соработката во реализација на проекти за инфрастуктурно и  енергетско поврзување, но и во други области, трговијата, туризмот, културата, образованието

Како земји сојузници во НАТО, нагласена готовноста за продолжување и збогатување на меѓусебната соработка, со цел на уште по активен придонес за безбедноста во Регионот и пошироко, на мултилатерален план.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...