Со 8 гласа „за“ за нов претседател на Советот на општина Неготино во наредниот 4-годишен мандат на денешната конститутивна седница беше избрана Роза Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
На изборот на Јаневска предходеше верификација на мандатите на 14 присутни од 15-те избрани советници (поради отсуство на еден советник, беше одложена верификацијата на неговиот мандат), а потоа присутните советници дадоа свечена заклетва.
Во продолжение од седницата се изврши избор на претседател и членови на постојаните комисии кои функционираат во состав на Советот на општина Неготино.
Извор: Општина Неготино