spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: На местото од депонијата во Дупки, правиме парк од 4.000...

Кисела Вода: На местото од депонијата во Дупки, правиме парк од 4.000 м2

Општина Кисела Вода вчера започна со чистење на дивата депонија во месноста викана Дупки во населбата Драчево. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедно со службите.

-По целосното расчистување на ова место, на површина од околу 4.000 м2, ќе се направи зелен парк кој ќе нуди и многу дополнителни содржини. Ќе се изгради детско игралиште, катче за пензионери, ќе се постават клупи и корпи за отпадоци. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во оваа општина. Кисела Вода мора да биде чиста општина, затоа што тоа го ветивме и на тоа се обврзавме- подвлече градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...