spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Државниот секретар на работилница за капитализација на резултатите од ПЗП

МЖСПП: Државниот секретар на работилница за капитализација на резултатите од ПЗП

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова го водеше вториот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), а учествуваше и на воведната работилница за капитализација на резултатите од Програмата, што денес се одржаа во Берово.

Цел на работилницата беше да се подготви временска рамка за ПЗП и да се споделат клучните активности, достигнувања и предизвици, како и надворешните настани кои влијаеле на Програмата.

На настанот присуствуваа и партнерите на Програмата за зачувување на природата во С. Македонија кои беа активно вклучени во реализацијата на двете завршени фази и излезната фаза од проектот, како и претставници од донаторот, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Програмата за зачувување на природата во С. Македонија е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион. Програмата поддржува и интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...