spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаВо Законот за локална самоуправа сеуште стои името Република Македонија

Во Законот за локална самоуправа сеуште стои името Република Македонија

На денешната конститутивна седница на Совет на Општина Делчево, со свое излагање настапи и советничката од Левица, во кое стави акцент на одредбата од постоечкиот Закон за локална самоуправа која се однесува на свечената заклетва ,нејзината форма и правно дејство.
“Со материјалите за работа беше доставен и примерок од свечената заклетва, која според правната природа е изјава, на 1/3 од хартија А4 формат без место означено за потпис и за датум и време, што ја прави неполноважна! Таква “изјава” може да пополни било кој граѓанин на Општина Делчево.
Потенцираме дека Законот за локална самоуправа донесен во 2002 година, до денес не претрпел измена и во член 38 кој се однесува на содржината на свечената заклетва (изјава) сеуште стои името Република Македонија!
Ова не е ни кршење на Уставот бидејќи со ратификацијата на одредбите од Преспанскиот договор, се остава период , технички и политички, во кој законските одредби треба да се усогласат со Уставот и тоа би требало да започне со отпочнувањето на преговорите со ЕУ! Додека да се изврши усогласување, во сила се постоечките одредби на материјалното право и се’ што е во спротивност со нив е незаконски!”
Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МСПДМ: Лимани – Интензивно работиме на намалување на листите за упис...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на петтата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“ со фокус на...