spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски ги прими таеквондистите - Ниш донесоа 14 медали

Илинден: Градоначалникот Георгиевски ги прими таеквондистите – Ниш донесоа 14 медали

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски ги прими членовите на таеквондо клубот „Хулк Таеквондо Академија”, кои учествуваа на меѓународниот натпревар „Куп на Ниш”, во Србија, при што се закитија со 14 медали, од кои 6 златни, 7 сребрени и еден бронзен медал.

Честитајќи им го големиот успех, градоначалникот Георгиевски им посака уште многу успеси во нивните натамошни кариери, да продолжат да бидат амбасодори на општина Илинден и да ни носат уште многу спортски радости од домашни и меѓународни натпревари.

Тренерот на таеквондо клубот „Хулк Таеквондо Академија”, Филип Анастасовски, заблагодарувајќи се за срдечниот пречек во Општината, изјави дека на меѓународниот натпревар во Ниш, учествувале натпреварувачи од Македонија, Србија и Црна Гора, при што љубителите на таеквондото имале можност да присуствуваат на многу квалитетен турнир.

„Хулк Таеквондо Академија” е основана во 2012 година и брои над 70 активни членови. За напорната работа говорат многубројните успеси коишто досега се постигнати на повеќе од 60 државни и меѓународни.

Таеквондото е боречки спорт и олимписка дисциплина со бројни психофизички бенефити. Со самиот развој на клубот, како што истакна Анастасовски, се зголеми и интересот за овој спорт во општина Илинден каде што постојат одлични услови за тренинг на членови од сите возрасти.

Она што е посебно интересно е податокот дека најмладиот член на клубот има само 4 години.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте