Вчера се одржа уште еден спортски настан во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември-Ден на ослободување на Куманово “Ноемвриски денови 2021”. Ученици од општинските средни училишта учествуваа на средношколски баскет турнир 3×3, во машка и женска конкуренција, кој се одржа на спортското игралиште на ОСТУ “Наце Буѓони”- Куманово.
Настанот е организиран од Општински сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт. Присуствуваа претставници од Сектор за образование и Сектор за култура и спорт при Општина Куманово.
Извор: Општина Куманово