spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Државната секретарка Несторовска на Презентација на модулот на програмата ХЕЛП за...

МВР: Државната секретарка Несторовска на Презентација на модулот на програмата ХЕЛП за учење на дистанца за трговија со луѓе

Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Магдалена Несторовска учествуваше на Презентација на модулот на програмата ХЕЛП за учење на дистанца за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Националната комисија на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа и дава поддршка во спроведувањето на програмите за едукација за професионалци преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите. Станува збор за програма на Советот на Европа, изготвена со методологијата на ХЕЛП, а финансирана од ЕУ.

Државната секретарка Несторовска во своето излагање истакна: „ХЕЛП курсот за борба против трговијата со луѓе е одлична алатка за самостојно учење по стандардите на Конвенцијата на Советот на Европа. Таа е на располагање на секој оној кој има силен интерес за оваа тема и желба да го подобри своето знаење преку бесплатно користење на курсот. Достапноста на специјализиран и интерактивен онлајн модул за обука за трговија со луѓе може да им помогне на професионалците да го подобрат и прошират своето знаење од областа на трговијата со луѓе, посебно со проблемите поврзани со трудовата експлоатација како форма на трговија со луѓе. Преку модулот тие ќе имаат можност да се запознаат со меѓународните стандарди и алатките кои што им се достапни на европско, но и на национално ниво за решавање на проблемите и заштита на правата на жртвите“.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте