spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков, изврши увид на градежните активности на улицата „Прилепска“ во...

Охрид: Градоначалникот Пецаков, изврши увид на градежните активности на улицата „Прилепска“ во Елшани

Градоначалникот Кирил Пецаков вчера, изврши обиколка на градежните активности на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани.

Активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото коритото на реката Сушица, се одвиваат деновиве. Дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон и асфалтен слој. Изведувач на активностите е АД „Илинден“, а вкупната сума предвидена за реализација на овој проект е 8 200 000 денари.

Во селото Елшани, денес, се одвиваат активности за чистење на корито од суводолицата на делови каде што при зголемени врнежи од дожд локалното население се соочуваше со проблеми.

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...