spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииУште во првите денови од мандатот, Стојковски ги лаже и замајува граѓаните...

Уште во првите денови од мандатот, Стојковски ги лаже и замајува граѓаните на Ѓорче Петров

Tеатарот ,,ДПМНЕ“ повторно на сцена во Ѓорче Петров. Замајувањето на јавноста и граѓаните останува единствена одлика на оваа идеолошка матрица од Белата Палата. Тоа го покажува и градоначалникот Александар Стојкоски, кој во изминативе две недели не покажа ништо друго освен припишување на свое конто проекти кои му ги оставил неговиот претходник.

Иронијата да биде уште поголема, Стојкоски на својот фејсбук профил, пари добиени од Владата си ги припишува како своја заслуга и за истите лаже за начинот на кој се обезбедени.

Докторе Стојкоски, како градоначалник имате обврска да ја зборувате вистината, а не да ги замајувате јавноста и граѓаните.

Велите вие ќе сте ја доградувале градинката во Волково со тоа што сте прераспределиле пари во општинскиот буџет со кратење на непродуктивни трошоци, но од документите кои се доставени до советниците во образложението за ребалансот на буџетот кое вие лично сте го потпишале јасно се гледа дека станува збор за пренесен вишок на приходи од претходна година во износ од 7.019.051,00 денари кои со одлука на Владата се дозволува да се префрлат од сметка на дотации за градинки на сметка на Општината за покривање на вишоци за доградба на градинка во населено место Волково.”

Со што се потврдува дека парите за градинката се обезбедени од Владата, а не со вашето “наводно” кратење трошоци.

Велите и дека кратите пари за патувања, сместување на советниците во странство, дневници, а во суштина кратите непотрошени средства за истите намени.

Дополнително, покажувате и дека транспарентноста не ви е јака страна, затоа што во објавата на фејсбук за ребалансот на буџетот сте ги заборавиле да ги пишете 500те илјади денари кои ви се додадени на расходната страна за договорни услуги.

Замислете 500.000 денари за само еден месец за договорни услуги. Дали во со овие 500.000 денари пари на граѓаните на Ѓорче, подмирувате дел од трошоците во предизборната кампања?

Во Ѓорче Петров треба да се работи, да се довршат проектите кои ви се оставени и да создадете нови, а не да се занимавате со политиканство.

Градоначалнику Стојкоски, браво и аплаузи треба да соберете од терен, а ние секогаш сме тука да Ви помогнеме за да го направиме Ѓорче Петров подобро место за живеење.

 

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

ДКСК: Средба со претставници на Советот на Европа

0
Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, беше одржан иницијален состанок помеѓу членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставниците...