spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Прекопи на 6 улици за изведување на подземни инсталации

Карпош: Прекопи на 6 улици за изведување на подземни инсталации

Комисијата за следење на состојбите на извршување на работите за поставување на подземни инсталации на Општина Карпош ги известува жителите на Карпош дека по барање на инвеститорите ЕВН – Македонија и Дистрибуција на топлинска енергија „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, на ден 16.11.2021 година издадени се записници во кои е констатирано дека треба да се извршат прекопи на шест улици.

Издадените записници за ЕВН се однесуваат на улиците: “Лесновска “ бр.13 , “Бањалучка“ бр.20, “Влае“ бр.43, улица “12“ н.м. Бардовци и “Миле Поп Јорданов“ , а за БЕГ на ул.“Букурешка“ бр.49 и ул.“Букурешка“ бр.83.

По завршување на сите градежни работи општинската комисија ќе изврши повторен увид со цел да утврди дали квалитетно се завршени работите и дали подлогата е вратена во првобитна состојба.

Записниците може да ги погледнете на овој линк: https://bit.ly/3cq2xPu

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте