spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Благодарници за тројца млади спортисти

Аеродром: Благодарници за тројца млади спортисти

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска им додели благодарници на тројца млади спортисти за придонес и постигнати значајни успеси во спортот во регионални и спортски рамки.

Благодарници добија каратистката Магдалена Божиноска, пливачот Филип Деркоски и ракометарот Марко Мишевски.

Честитајќи им ги успесите, градоначалникот Муцунски на младите спортисти им посака блескава кариера и им порача дека Општина Аеродром е определена да го негува спортот преку соработка и помош за талентирани спортисти, преку инвестиции во спортот и спортската инфраструктура и секаква друга помош за која Општината има ингеренции.

Градоначалникот Муцунски рече дека е големо задоволство и чест да се има успешни спортисти, кои заслужуваат да им се вреднува трудот и изрази надеж дека нивните спортски успеси ќе бидат поттик и за другите млади во нашата општина да го одберат спортот за свој личен развој, за јакнење на спортскиот духи свеста за позитивните ефекти од спортот и физичката активност.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават...

0
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на завчерашната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ...