spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНе можете да создадете антиевропски критериум и тоа да ви биде услов...

Не можете да создадете антиевропски критериум и тоа да ви биде услов за влез ЕУ

На дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан што утрово се одржа во Мадрид, вицепремиерот Димитров ги образложи македонските позиции во однос на проблемот со Бугарија.

“Блокирањето на евроинтегративниот пат дефинитивно не е помагање и е спротивно на членот 2 од нашиот договор, додека пак од страна на Северна Македонија не постои такво прекршување. Ние како политичари се договоривме да обезбедиме предуслови за успех на Комисијата за историски и образовни прашања, тие имаа повеќе средби и беше предложена и странска експертиза и помош за нивната работа. Со овој договор започнавме еден важен процес што некако беше исфрлен од колосек од причини кои сѐ уште се неразбирливи.

Транскрипт и превод од одговорот на ЗПВ Димитров на прашање на бугарскиот амбасадор

 Во нацрт-преговарачката рамка што сè уште е на маса, има еден технички параграф што е ист за сите земји кандидатки кои отпочнуваат преговори и предвидува превод на правото на Унијата на сопствениот јазик – во нашиот случај македонскиот јазик, за да се овозможи соодветно функционирање на Унијата во согласност со нејзините правила и принципи откако земјата ќе стане членка. Оттука, ова прашање се третира како прашање на самоопределување, како што е уредено со меѓународното право бидејќи нема правна основа и не е пристојно ниту една земја во светот, вклучително и за самата Унија, да признае или да не признае јазик. Јазикот е прашање за нашиот народ, според меѓународното право.”

Димитров се осврна и на обидите за надминување на овој проблем, претставени и низ напорите на триото претседателства со Советот на ЕУ:

„Бугарската страна покрена 5 прашања од билатерален карактер, како услов за зелено светло од Софија, но на средбите во Брдо, пак, Бугарија не можеше да го потврди овој свој став. Не може да се прави вештачка разлика помеѓу оваа билатерална патека и преговарачката рамка, мислам дека ако одиме согласно португалскиот предлог односно предлогот застапуван од триото претседателства, почнувајќи од Германија преку Португалија до Словенија како актуелен претседавач, може да се најде разумно решение.“

Тој заврши нагласувајќи дека бугарската блокада е инвестиција во антагонизам наместо во пријателство, како што потврдува и истражувањето од бугарскиот тинк-тенк објавено деновиве, кое покажува дека говорот на омраза по социјалните мрежи, за којшто обвинува официјална Софија, всушност e потхранет токму од нивното вето.

Димитров: „Кога покрај петте прашања го поставувате и прашањето за дискриминација, а ние навистина немаме таков случај, го покренувате прашањето за пописот – а ние ги немаме резултатите од тој попис, тогаш изгледа вие креирате мета во движење!

Ако не го почитувате туѓото достоинство, навистина е тешко да сме пријатели.
Ако предусловот за придвижување кон Европа не е во согласност со европските вредности и ако сме условени со македонскиот јазик, тогаш, сум го кажал ова и кај нас, за мене е подобро да не постигнеме напредок  кон ЕУ, бидејќи тогаш тоа не е зачленување во заедница на вредности.

Не можете да создадете антиевропски услов и да го претставувате како критериум за една земја да се приклучи во ЕУ и секако не откако ја искачивме големата планина – проблемот со името. Решението со Грција беше можно, ние ја додадовме придавката Северна, само затоа што Грција ги прифати нашето право на самоопределување и македонскиот јазик како македонски.“

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте