spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Со компанијата Аспектус Фарма потпишан Меморандум за соработка во областа на...

Илинден: Со компанијата Аспектус Фарма потпишан Меморандум за соработка во областа на образованието

Општина Илинден и компанијата Аспектус Фарма ДОО експорт-импорт потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој оваа иновативна и кооперативна компанија ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“.
Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на Аспектус Фарма, Константсин Фраленкоу.

Аспектус Фарма е компанија со висок интегритет што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија. Компанијата е целосно посветена на развојот на нови лекови, обука за креирање на високо квалитетен стручен кадар и посветеност за задоволување на рафинираните потреби на нивните клиенти.

Потпишувањето на овој Меморандум за соработка произлезе од потребата за соработка на општина Илинден и бизнис секторот во областа на образованието, како една од најзначајните области за развој, подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Вакви меморандуми Општината веќе има потпишано и со компаниите Витек Македонија ДОО, Кемет Електроникс, Аптив Сервисес Македонија, Џагатај Кабло, АРЦ Аутомотив Македонија, Јоки, МЕПСО, ОКТА, Џонсон Мети, Ван Хол и Вабтек.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...