spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски одржа работен состанок со Џерек Бас, нов политичко - економски...

АХВ: Бабовски одржа работен состанок со Џерек Бас, нов политичко – економски советник на Амбасадата на САД

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, вчера, оствари работен состанок со г- дин Џерек Бас, нов политичко – економски советник во Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија. На состанокот беа презентирани приоритетите и активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство и разгледани беа полињата за унапредување и насочување на идната меѓународна соработка.

Во насока на унапредување на институционалната соработка како основа за унапредување на економската меѓу двете земји, г- дин Бас ја потенцира можноста за вклучување на АХВ во тековните и новите проекти кои се реализираат од страна на Амбасадата на САД во нашата земја, преку помош во организирање на обуки, работилници, семинари и слично. Како што рече тој, акцент во соработката ќе се стави на темите кои се од делокругот на работење на АХВ, но и на новите технологии, кои се директно поврзани со светскиот предизвик за справување со климатските промени.

Бабовски изрази благодарност за понудената можност и потенцира дека АХВ располага со стручен и компетентен кадар кој со учество во проектите, покрај тоа што ќе има можност да ги унапреди своите знаења од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, ќе може адекватно да даде придонес и во реализацијата на проектите.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...