spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Вработени и учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ дел од тактичко-показна вежба...

Кочани: Вработени и учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ дел од тактичко-показна вежба за симулација со пожар

Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвен крст  и СОУ „Љупчо Сантов“ изведоа тактичко-показна вежба за справување со пожар.

– Тактичко-показната вежба е активност  во рамки на Годишната програма на училиштето, со која се изврши симулација и евакуација на учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“. На денешната вежба беше прикажана евакуација по настанат пожар во лабораторискиот кабинет и повреда на ученик при што се изврши евакуација од источната и западната страна на училиштето. Во комуникација со ТППЕ – Кочани, пожарникари интервенираа со гаснење на пожарот и евакуирање на ученикот што беше повреден, а волонтерите  од Црвениот крст, интервенираа со помош на повредениот ученик – истакна Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

– Симулациската вежба е една од неколкуте предвидени кои ќе се реализираат до крајот на годината – рече Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Тактичко-показните вежби се од огромна важност, бидејќи ја зацврстуваат подготвеноста на учениците и вработените во училиштата за справување во вакви несакани појави и ситуации, а претставуваат и законска обврска на училиштата.

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...