spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Приведени дилери на амфетамин

МВР: Приведени дилери на амфетамин

На 22.11.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.П.(20) и С.Б.(27), двајцата од Скопје.

При преглед врз Н.П., извршен на улица „Јани Лукровски“ бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од С.Б… Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен со судска наредба, исто така бил пронајден и одземен амфетамин.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...