spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Приведен криминалец осуден на скоро 13 години затворска казна

МВР: Приведен криминалец осуден на скоро 13 години затворска казна

На 22.11.2021 во 22.55 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на подрачјето Кисела Вода го лишија од слобода С.К.(38) од Скопје. Тој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години 4 месеци и 17 денови, од вкупно предвидената казна од 12 години и 10 месеци.

Тој е сторител на повеќе кривични дела, и тоа „убиство“, „насилство“ и „оштетување на туѓи предмети“, казниви по чл.123, чл.386 и чл.243 од Кривичниот законик. С.К. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...