spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Средба на градоначалникот Јовчески со амбасадорот на Руската Федерација

Прилеп: Средба на градоначалникот Јовчески со амбасадорот на Руската Федерација

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, вчера оствари средба со рускиот амбасадор во нашата земја, Сергеј Баздникин. На средбата се разговараше за унапредување на соработката меѓу Општина Прилеп и на Руската Федерација како значаен партнер на нашата држава.

 

„ Денес остварив средба со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин, кој  ми го честиташе изборот за градоначалник. Взаемно изразивме желба за продлабочување на добрата соработка меѓу Општина Прилеп  и Амбасадата на Руската Федерација, преку размена на позитивни искуства и добри практики во повеќе сфери на општествениот живот.  Го запознав со програмата која се надевам дека во мојот четиригодишен мандат ќе биде реализирана. Воедно идејата која пред десетина години ја започнавме за збратимување на Општина Прилеп со град од Русија се надевам дека ќе ја реализираме. Денеска добивме и понуда како предлог од амбасадорот дека со еден град од московскиот регион наскоро ќе бидеме збратимени. Тоа беше и еден  од проектите кои од 2017 година тежнееме да го реализираме благодарение и на Руско – македонското друштво од Прилеп“, изјави градоначалникот Јовчески.

 

Амбасадорот Баздникин се заблагодари за средбата и потврди дека односите на двете земји се на високо ниво и дека  постојат отворени можности за соработка во областа на културата, туризмот и економијата.

 

„Ние сме потполно отворени за соработка во сите области кои се од интерес за граѓаните на Општина Прилеп. Убеден сум дека тоа ќе биде голем придонес за подобрување на животите на граѓаните“, изјави рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин.

 

Ова е прва средба на Јовчески со рускиот амбасадор како градоначалник на Прилеп.

 

 

 

 

Извор: Општина Прилеп 

Прочитајте