spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Повторно се потпишуваат Решенија за легализација

Аеродром: Повторно се потпишуваат Решенија за легализација

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, почна да потпишува решенија за легализација на дивоизградените објекти. Со тоа се откочи процесот на легализација на бесправно изградените објекти, кој почна пред повеќе од 10 години. Во Општина Аеродром се поднесени околу 10.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница.

За да се забрза процесот на завршување на преостанатите предмети, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам, при што граѓаните добиваат можност да остварат директен контакт со службеникот што го води конкретниот предмет, со цел да се комплетира документацијата.

Овој проблем што со месеци не беше спроведен во Општината сега станува минато.

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...