spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стратегијата за паметна специјализација ќе помогне во создавањето на економска трансформација...

МОН: Стратегијата за паметна специјализација ќе помогне во создавањето на економска трансформација врз основа на знаења, наука и иновации

Со координативен состанок на претставниците од повеќе министерства, научни установи, институции и организации денеска започна работата на групите кои ќе работат на создавање на Стратегијата за паметна специјализација, која е во насока на развој на економијата, иновациите и евроитеграците на Република Северна Македонија.

Министерката за образование и наука Мила Царовска која на членовите на работните групи им посака успешна работа, рече дека очекува оваа Стратегија да најде практична примена во економската трансформација на земјата, која треба да е базирана на знаења, но и на истражувања и иновации кои се база за економски раст и развој.

„Оваа Стратегија е од огромен интерес за Република Северна Македонија и има единствена цел –да поттикне економски развој, да поттикне отварање на нови работни места, но да зајакне интерсекторска и интеринституционална соработка со владиниот сектор. Пред нас и пред вас како координатори на овој процес е една од најкомплексните фази на паметната специјализација – процесот на претприемничко откривање во владиниот сектор, бизнис сектор, научно-истражувачки и граѓански сектор“ – истакна министерката Царовска.

Царовска потенцираше дека Министерството за образование и наука исто како и Министерството за економија, во многу сегменти се дел на единствена политика на економски развој во овој случај пресликана во Стратегијата за паметна специјализација која има директен удел и во двете преговарачките поглавја 20 и 25 во процесот на пристапување кон ЕУ поврзани со индустриската политика и Истражувањето и иновациите.

Министерката на координативниот состанок се заблагодари за поддршката на партнерите во овој важен процес како што се Светска Банка, ГИЗ, Швајцарскиот проект ИМЕ.

 

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Петровец: Средба на Југословенски боксерски легенди

0
Во Хотел Мирор во Петровец, на покана на вицешампионот во бокс на поранешна Југославија – Борче Митевски а воедно и актуелен градоначалник на Општина...