spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Отворен ден за граѓаните кај градоначалникот Колев

Велес: Отворен ден за граѓаните кај градоначалникот Колев

Општина Велес продолжува со своите основни начела и принципи, да биде транспарентна, отчетна и отворена општина за сите граѓани на Велес. За таа цел, повторно се воспоставува пракса на отворен ден за прием на граѓани кај Градоначалникот.

Приемот на граѓани е предвиден да биде секоја среда, почнувајќи од 01.12.2021 со почеток од 10:00 часот до 12:00 часот и од 13:00 до 16:00 часот во  просториите на Општина Велес.

Граѓаните својата средба со Градоначалникот треба да ја закажат преку телефонскиот број 043 232-406 локал 0, преку месинџер на фејсбук страната на Општина Велес или преку е-пошта на opve@veles.gov.mk. Терминот за средба со Градоначалникот е ограничен на 15 минути поради актуелната состојба со Ковид-19 и при тоа треба да се почитуваат сите протоколи за заштита од вирусот.

Преку директниот контакт со граѓаните Градоначалникот ќе има увид во сите приоритени потреби и проблеми на граѓаните на општина Велес со што ќе се овозможи навремена интервенција за решавање на овие проблеми во рамките на буџетските можности на општината.

 

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...