Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска беше во посета на Орман каде изврши увид во поставувањето канализација во ова населено место.
Во тек од една година, според динамиката на работа, јамите конечно ќе бидат заменети со фекална канализација.
-Свесен сум дека има и места каде со години се чека доградба на оваа мрежа. Заедно со службите правиме планови, но и го усогласуваме буџетот, за што поскоро да се отпочне со завршување и секако, конечно да се заврши истата – рече Стојкоски при посетата.
Градоначалникот најави дека општината прави напори да обезбеди и средства за нова пречистителна станица.
Погледнете:
Извор: Општина Ѓорче Петров