spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Приемен ден во општината

Ѓорче Петров: Приемен ден во општината

Со стартот на мандатот, градоначалникот Александар Стојкоски донесе одлука секој последен четврток во месецот да се одржува приемен ден за граѓаните во просториите на општина Ѓорче Петров.

-Нема успех, без да се чуе сечиј предлог и проблем. Ако делуваме заедно, се поддржуваме и критикуваме ќе можеме да се корегираме и да помогнеме за Ѓорче да биде модерно, урбано и хумано. Нема совршенство, но веќе се трудиме брзо и ефикасно да постапуваме, со трајни решенија – нагласи Стојкоски на првиот приемен ден.

Градоначалникот подвлече дека нема поголем приоритет од жителите на општината и оти така ќе остане и во наредните години.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте