Градоначалникот Бобан Стефковски додели 18 Решенија за субвенции на печки на пелети за 2021 година на жителите на општина Гази Баба. Вкупните средства во висина од 536.600 денари, се обезбедени од Буџетот на општината.
За следната година во Буџетот, средствата за субвенции за печки на пелети се зголемени на 1.500.000 денари.
– За првпат во општина Гази Баба следната година воведуваме субвенции за граѓаните за: велосипеди, тротинети, чистење на оџаци и вградување на уреди за течен гас на автомобили.
Верувам дека со сите овие мерки ќе дадеме придонес во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето, кој е наш врвен приоритет, истакна градоначалникот Стефковски.
Извор: Општина Гази Баба