spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Ученици од ОУ „Стив Наумов“ во посета на општината

Гази Баба: Ученици од ОУ „Стив Наумов“ во посета на општината

Во посета на општина Гази Баба беа ученици од 4-то одделение од основното училиште „Стив Наумов ” од Автокоманда, по повод изучување на методската единица Локална самоуправа, по предметот Општество.

Учениците се запознаа со секторите и одделенијата во општината, со работните задолженија и обврски на општинската администрација и по одделенија ја посетија работната просторија на градоначалникот Бобан Стефковски.

На заедничката средба во салата на Советот, градоначалникот Стефковски одговараше на бројни прашања од учениците, во рамките на нивните интересирања.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...