spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Решенија за субвенции на печки на пелети

Гази Баба: Решенија за субвенции на печки на пелети

Градоначалникот Бобан Стефковски додели 18 Решенија за субвенции на печки на пелети за 2021 година на жителите на општина Гази Баба. Вкупните средства во висина од 536.600 денари, се обезбедени од Буџетот на општината.

За следната година во Буџетот, средствата за субвенции за печки на пелети се зголемени на 1.500.000 денари.

– За првпат во општина Гази Баба следната година воведуваме субвенции за граѓаните за: велосипеди, тротинети, чистење на оџаци и вградување на уреди за течен гас на автомобили.

Верувам дека со сите овие мерки ќе дадеме придонес во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето, кој е наш врвен приоритет, истакна градоначалникот Стефковски.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Петровец: Одржан четвртиот меѓународен турнир во бокс во Куманово

0
Се одржа четвртиот меморијален меѓународен турнир во бокс во Куманово „Мирослав Петровиќ“. И оваа година честа да го отвори овој турнир му припадна на...