spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: За 100 семејства по 7000 денари парична помош за новороденчиња

Центар: За 100 семејства по 7000 денари парична помош за новороденчиња

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата кои имаат принова и лично им ги врачи решенијата со еднократна парична помош во вредност од 7.000 денари. На средба со семејствата, Герасимовски однесе пригодни подароци и посака добро здравје и среќно и безгрижно детство за новороденчињата.

Оваа недела Општина Центар исплати 100 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче. Оваа парична помош, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

 

Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите, кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...