spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВажно е да имаме функционално мнозинство во Собранието за да можат да...

Важно е да имаме функционално мнозинство во Собранието за да можат да се донесат законите во интерес на граѓаните

СДСМ организира внатрепартиски избори за претседател на партијата на демократски начин и тој демократски капацитет се рефлектира и на изборите закажани за 12 декември истакна членот на ИО СДСМ Дарко Каевски во дебатната емисија „Објектив“ на НТВ.

Каевски додаде рокот за кандидирање истекува утре во 16 часот и дека досега официјално се поднесени три кандидатури за претседател на СДСМ.

Факт е дека демократскиот амбиент што го создадовме дава шанса за секој еден што ги исполнува условите согласно статутот да се кандидира, рече Каевски, додавајќи дека измените на Статутот на СДСМ направени минатата година овозможуваат сериозен демократски чин, секој член на партијата да го избере најдоброто што ќе ја води партијата во иднина.

Каевски нагласи дека Зоран Заев ќе остане активен член на СДСМ и сериозна поддршка за процесите што следуваат со оглед на експертизата во интеграциите, на функционирањето и целото искуство како премиер и она што го постигна во изминатиот период.

Вредно е целиот капацитет што го имаме да го искористиме, во период на здравствена криза, енергетска криза, има потреба да се искористи целиот капацитет на функционерите на СДСМ, бидејќи само заеднички може да дојдеме до резултатот што го очекуваме, истакна Каевски.

Тој додаде дека СДСМ како политичка партија што е владејачка мора да се грижи за евроинтеграциите, за тоа каде сакаме да се движи нашата држава во наредниот период.

Очекувам овој месец да се затвори прашањето околу евроинтеграциите на државата и со тоа да затвориме едно значајно, главно поглавје, за што децениски се залагаме сите политички партии без разлика од која идеологија настапуваат, нагласи Каевски.

Во делот на оставките, Каевски повтори дека тоа е личен чин на претседателот Заев и тој е единствен што го стори тоа, за разлика од Христијан Мицкоски, кој по секој пораз на избори во изминатите години си прави весела математика само за да не даде оставка.

Тоа говори за карактерот на лидерите на најголемите политички партии, и верувам дека овој чекор на Заев како пример ќе го следат многу политичари, бидејќи така ќе успееме да ја вратиме довербата на граѓаните, пред се на младите, истакна Каевски.

Тој нагласи дека политичката криза во државата ја предизвика опозицијата со најавите за ново парламентарно мнозинство, кое пукна како меур, а дури и Беса која беше коалиционен партнер на СДСМ изјавува дека државата се движи во вистинска насока.

Тоа е јасен сигнал, патоказ дека СДСМ ја води државата во правилна насоки, напред, интегрирана во НАТО и ЕУ со зголемена минимална плата, стабилна просечна плата, сериозен бенефит за граѓаните, намалување на невработеноста во државата на историски ниски 15,9 % и тоа во услови на пандемија, рече Каевски.

Тој нагласи дека Мицкоски прво најавуваше мнозинство, а сега најавува избори, за на пролет, па на есен и така натака, само за да успее да ги менаџира апетитие на ВМРО, за власт, бидејќи нив не ги интерсираат граѓаните.

Во врска со преговорите за зголемување на парламентарното мнозинство, Каевски нагласи дека Алтернатива е кредибилен партнер, бидејќи интегрирањето во ЕУ е многу важно.

Очекувам договор, бидејќи принципите за кои се залагаме се слични и идентични и тоа во најбрз рок да се официјализира ново парламентарно мнозинство и да се тргнат сомнежите на граѓаните за нови блокади, важно е да имаме функционални институции, функционално мнозинство во Собранието за да можат да се донесат законите што стојат на дневен ред, а се во интерес на граѓаните, истакна членот на ИО СДСМ Дарко Каевски во дебатната емисија „Објектив“ на НТВ.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте