spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на конференција за загадување на воздухот на Балканот

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на конференција за загадување на воздухот на Балканот

– Сега е вистинскиот момент кога треба развојот на државата да го поставиме на одржлива трaекторија и да се насочиме на инвестиции кон обновливи извори на енергија, искористување на потeнцијалот на сонцето и ветерот и да овозможиме побрза и праведана зелена транзиција – истакна Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска на втората годишна конференција на РЕС фондацијата на тема загадување на воздухот на Балканот.

Потенцирајќи дека аерозагадувањето не може да се ограничи со административните граници Оџаклиеска укажа на потребата од воспоставување на меѓусебна прекургранична соработка и усогласување на предвидените мерки. Владата на Република Северна Македонија ги има приоретизирано чекорите за намалување на емисиите на штети честички во воздухот. Стратешките определби се јасни – дејствување на изворите на загадувањето, за што веќе неколку години наназад се спроведуваат проектираните програми и се обезбедуваат средства. Сепак интензитетот на реализација мора се прилагоди на тековните социо-економски состојби.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...