spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПокачување на цената на кесите во време на криза е само уште...

Покачување на цената на кесите во време на криза е само уште една нерационална мерка на власта

Новата мерка, за покачување на цената на кесињата е парцијална која нема да го реши проблемот со загадувањето.

Во време на голема инфлација во државата, енергетска криза, наместо мерки за помош кон стопанството и граѓаните, власта носи мерки кои се само нов арач за граѓаните.

Оваа мерка нема да го намали загадувањето во државата, бидејќи најголеми загадувачи се индустриските капацитети која не ги почитува законите, а нема ниту надзор од државните институции за нивното работење.

Никаде ја нема долго најавуваната гасификација државата и долго најавуваните мерки за намалување на загадувањето и подобрување на животната средина.

Проблемот со загадувањето треба да се решава системски. Власта наместо да почне проблемите со загадувањето на животната средина од најголемите загадувачи, тие забранија користење на пластични кеси.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владата повторно да ја разгледа оваа своја одлука и да го слушне гласот на народот и истата да биде повлечена.

 

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...