spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Општинска награда Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид

Охрид: Општинска награда Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид

Академик Проф. д-р Љупчо Коцарев е годинешен добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид“  за 2021 година. На прес конференција  градоначалникот Кирил Пецаков  образложи  зошто наградата  му е доделена  токму него.

 

– Охрид за нас и за Светот  е посебен не само заради своите уникатни, природни и културни вредности туку и заради многумината исклучителни поединци кои со своите корени се цврсто поврзани со Охрид, но плодовите на својата животна мисија  му ги подариле на целиот Свет и на генерациите  кои доаѓаат по нив. Речиси секоја генерација  има по некој таков современик…. По наше длабоко уверување   еден  од нив  е  годинешниот добитник на   највисоката и најпрестижна  наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“,  академик Љупчо Коцарев.

Што може да се каже за оваа авангардна личност освен дека е нашиот  најпознат и најпризнаен интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници, човек кој  многу одамна застанал во  одбраната на интересите на Македонија.  Неговиот импозантен лик и дело не прават  среќни  и горди на сите нас. Академик Љупчо Коцарев е по потекло од Охрид. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје , магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот  за физика  на Природно – математичкиот факултет  во Скопје. Неговата богата наставно- научна дејност  почнува на Електротехничкиот факултет во Скопје, продолжува на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего- САД, а студиски престои остварува  во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија. Неговите публикации  се цитирани  илјадници пати  исто како  и превземањата на текстовите од книгите кои ги едитирал.  Научниот интерес е широк  во областите на физиката, техничките и компјутерските науки. Фасцинира бројот на публикации  објавени во часописи  со фактор на влијание,во зборници  на рецензирани трудови. Едитор е на  шест книги и автор на шест патенти одобрени во САД и Европа.  Академик Коцарев е редовен член  на МАНУ од 2007, а во ноември  2019 година е избран за претседател на МАНУ. Најдобра илустрација за неговата важност  во Светот на науката е што престижниот универзитет  Стенфорд  го ставил на листата на најдобри топ научници на сите времиња од сите области – рече градоначалникот Пецаков.

 

До стручната комисија во состав Перчо  Божиноски- претседател и членовите: Проф. д-р Виолета Ачкоска, Проф. д-р Сашо Коруноски, проф. д-р Димитар Пандев и Горан Стојаноски пристигнаале шест апликации за највисоката општинска награда  „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“. Комисијата едногласно пратила до градоначалникот Предлог добитник на наградата да биде токму ценетиот академик Коцарев,  кој за наградата беше предложен и поддржан  од  видни и истакнати  доктори на науки, професори, уметници, писатели и истакнати охриѓани.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...