spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Инклузивна Ликовна работилница во ПОУ „Маца Овчарова“

Велес: Инклузивна Ликовна работилница во ПОУ „Маца Овчарова“

Во посебното основно училиште „Маца Овчарова“ се одржа 25-та по ред ликовна работилница. Годинава, од републичка, работилницата прерасна во меѓународна со учество на претставници од четири училишта од Србија, Грција, Турција и Италија. Ученици со попреченост и лица со типичен развој од 31 училиште од овој реон и гостите од другите земји цртаа на керамика и заедно создаваа вредни уметнички дела  со мотиви од нашето културно творештво.

Целта на ликовната работилница е инклузија на лицата со попреченост.

Градоначалникот Марко Колев ја посети ликовната работилница и им посака на учесниците успешна работа и меѓусебна дружба.

Уметничките дела создадени на ликовната работилница, која се одржува со поддршка на Општина Велес, ќе бидат изложени во НУЦК Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од 03 до 06 декември.

 

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

Карпош: Субвенции за постоечки и поставување на нови лифтови во зградите

0
Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка...