spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Студенти од Шпанија и Франција се запознаа со Актуелните политики

Аеродром: Студенти од Шпанија и Франција се запознаа со Актуелните политики

Студенти од различни градови од Шпанија и Франција денеска беа во посета на Општина Аеродром со цел да разменат искуства и знаење од областа на работењето на локалната самоуправа во Република Македонија.

Студентите по политички и економски науки, кои се на студиски престој во нашата земја, заедно со своите македонски колеги што студират на Американскиот универзитет во Скопје, одблиску се запознаа со начинот на изготвување на буџетот и локалите надлежности на Општина Аеродром.

 

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, детално ги образложи целите и потребите на кои ќе биде фокусирана општинската администрација.

Тие, исто така, имаа можност да ги слушнат приоритетите што ќе бидат финансирани во наредната година, како и севкупното водење и спроведување на локалните политики.

Како главни инвестициски активности за наредната година, Муцунски ги издвои вложувањата во основните училишта, изградбата на комплетно нова детска градинка и центар за иновации, изградбата на нови паркови и зазеленување на нови простори, и поадекватно одржување на постојните тревни површини.

Воедно, студентите имаа можност да постават прашања директно до градоначалникот и до двајцата претставници на општинската администрација во областа на финансиите, образованието, културата, спортот и социјалните прашања.

Оттаму, се изнајдоа многу заеднички точки за можна директна соработка на Општина Аеродром со општините од каде што доаѓаат студентите како што се Валенсија, Билбао, Нант, Анже и идна размена на знаење, искуства и заеднички проектни активности.

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...