Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова со статус на набљудувач, вчера учествуваше на 94-тиот состанок на Управниот Одбор на Европската Агенција за животна средина (ЕЕА) во улога на набљудувач.
Учеството на состанокот на Управниот Одбор со ваков статус е овозможен како резултат на долгогодишните процеси за унапредување на соработката помеѓу ЕЕА и земјите соработнички од Западен Балкан. На овој начин е овозможено активно следење на процесите на носење одлуки на највисоко ниво во ЕЕА и присуство на земјите од Западен Балкан во работата на Агенцијата.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање