spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Имплементацијата на систем на интегритет ќе придонесе кон ефикасно и ефективно...

МИОА: Имплементацијата на систем на интегритет ќе придонесе кон ефикасно и ефективно функционирање на јавната администрација со цел зголемена доверба на граѓаните во институциите

Во насока на одбележување на Меѓународниот ден посветен на борбата против корупцијата – 9 Декември, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера организираше конференција „Избери го вистинскиот правец! Избери интегритет!”, каде што беше говорник и министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Јетон Шаќири.

“Како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија во борбата против корупцијата, Министерството за информатичко општество и администрација меѓу првите институции разви Антикорупциска програма со конкретен Акциски план за спроведување, која има за цел да ги олесни напорите и заложбите во борбата против корупцијата, да придонесе кон нејзино искоренување и да спречи нејзина понатамошна појава”, рече Шаќири.

Меѓу другото, Шаќири рече:  ”Концептот на интегритет е составен дел на системот на доброто владеење. Во контекст на доброто владеење развиваме како личен така и институционален интегритет, загарантиран со независност, професионалност и отчетност во извршувањето на надлежностите утврдени со закон.

Министерството за информатичко општество и администрација е вклучено меѓу петте пилот институции за имплементација на системот на интегритет во рамките на ИПА II проектот на ЕУ “Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација”, спроведено од страна на Државната комисија за спречување на корупција”, истакна Шаќири.

“За крај, јас верувам дека воведувањето и имплементацијата на систем на интегритет ќе придонесе кон ефикасно и ефективно функционирање на јавната администрација со цел зголемена доверба на граѓаните во институциите”, го заврши својот говор, министерот Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте