spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингУТМС: Прва презентација на проектот - Сите патишта водат кон Рим

УТМС: Прва презентација на проектот – Сите патишта водат кон Рим

Со задоволство ја објавуваме првата презентација на проектот Сите патишта водат кон Рим која ќе се одржи на 11 Декември, 2021 година во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

 Придружете ни се!

Основната цел на проектот, „Сите патишта водат до Рим“ е да понуди обука, алатки и логистичка поддршка на младите луѓе кои сакаат да го искористат економскиот потенцијал на древните римски патишта во смисла на вработливост и самопретприемништво, и локалниот развој. Целта е да им се даде знаење, да се прошират нивните способности и да се изострат нивните вештини. Учесниците ќе можат да идентификуваат стратегии и да ги искористат економските можности кои ја максимизираат монетарната вредност на римската патна мрежа.

Главен говорник:
Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам

Ги покануваме студентите кои посетуваат универзитети и кои би сакале, на крајот на нивните студии, да се вклучат во бизнис или шема што вклучува промоција на европското културно наследство, особено римските патишта и местата поврзани со нив и од нив.

Учеството на овој настан е бесплатно!
Сметаме на вашето присуство!

Оваа работа е финансирана од програмата Еразмус плус на Европската унија, договор за грант:
2019 – IT02 – KA203 – 062798 (Проект: Сите патишта водат).

 

Извор: Универзитет за Туризам и Менаџмент – Скопје 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...