spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРаботна посета на Берлин - Димитров на средби со високи претставници на...

Работна посета на Берлин – Димитров на средби со високи претставници на ЕУ и Германија

На вториот ден од работната посета на Берлин, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) – Стефано Санино и со државниот секретар во германското МНР, Мигуел Бергер.

Средбата со генералниот секретар Санино се одржа на маргините на годишната конференција на ECFR Советот во којшто членуваат и двајцата соговорници. На состанокот беше разговарано за политиката на проширување како најважната алатка на надворешното дејствување на ЕУ и македонското евроинтегративно досие како клучно за кредибилитетот на Унијата.

Генералниот секретар Санино истакна дека најважниот чекор напред во политиката на проширување е почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Овие теми беа разговарани и на средбата со државниот секретар Мигуел Бергер, на којашто беше реафирмирана цврстата германска поддршка за европската интеграција на Северна Македонија.

Димитров: „Европската перспектива е лепакот што ги соединува прогресивните сили во регионот. Обновувањето на довербата во политиката на проширување е можно само преку успех во македонското европско досие.”

Државниот секретар Бергер нагласи дека Германија ќе продолжи интензивно да работи на ова прашање што е наведено како приоритет и во коалициониот договор на новата влада.

На маргините на годишната конференција на ECFR Димитров имаше средба и со новоназначениот, иден претседавач со Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Кристоф Хојсген кој ќе го наследи амбасадорот Ишингер.

Димитров и Хојсген разговараа за проширувањето на ЕУ низ призмата на обезбедување стабилност и сигурност. Во тој контекст, претседавачот Хојсген ја истакна важноста на Преспанскиот договор како еден од столбовите на регионалната безбедност и соработка на Западниот Балкан и пошироко.

Работната посета на Берлин ќе биде заокружена со првата средба со новоименуваната министерка за Европа Ана Лирман и состанок во берлинската канцеларија на тинк тенкот Европска иницијатива за стабилност (ESI).

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...