spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингУТМС: Вицешампион Дејан Георгиевски доби стипендија и за магистерски студии од фондацијата...

УТМС: Вицешампион Дејан Георгиевски доби стипендија и за магистерски студии од фондацијата д-р Љубе Миленковски

На почетокот на постдипломските студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ја доби својата стипендија за магистерски студии која му ја врачи Ректорот проф. д-р Аце Миленковски.

Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент пред три години му додели стипендија на овој млад и надежен спортист. Денес како веќе докажан и препознаен спортист неговиот пат треба да продолжи кон успесите како во спортот така и во образованието. Токму затоа фондацијата проф. д-р Љубе Миленковски основана од ректорот на универзитетот на Дејан Георгиевски му додели и стипендија за магистерски студии.

Ректорот се обрати кон олимпиецот и својот студент Дејан Георгиевски изразувајќи ја својата благодарност кон него за тоа што не направи горди со неговиот успех и го обели не само својот образ, го обели образот и на своето семејство, на своите тренери, на Македонскиот Олимписки Комитет, го обели образот на УТМС и на цела Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Универзитет за Туризам и Менаџмент – Скопје 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...