Град Скопје: Лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес

ОпштиниГрад Скопје: Лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес

Најчитано

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови“.

 

Оваа публикација е заеднички труд и заложба на Градот Скопје, претставници од Комисијата за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието при Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука. На промоцијата, градоначалничката Арсовска порача дека со реализација на овие активности, Градот Скопје се етаблираше како лидер во унапредувањето на меѓуетничката интеграција меѓу учениците.

– Градот Скопје ја усвои „Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Град Скопје“. Една од најзначајните активности која Градот Скопје ја презеде во рамки на имплементирање на Стратегијата е организација и реализација на заеднички часови по одредени наставни предмети, во рамки на редовната настава, на ученици кои наставата ја следат на различни јазици. Започнавме со неколку училишта, за сега бројот на училишта кои ги спроведуваат овие заеднички часови да стигне до осум и верувам дека оваа пракса ќе продолжи бидејќи резултатите се позитивни. Со реализација на овие активности Градот Скопје се етаблираше како лидер во унапредувањето на меѓуетничката интеграција меѓу учениците во рамките на нивниот реален, секојдневен престој во училницата, додека тече редовната настава и се изучуваат задолжителните предмети – кажа градоначалничката Арсовска.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе