spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Поврзувањето и размената на податоци меѓу институциите, придонесува за успешно креирање...

МТСП: Поврзувањето и размената на податоци меѓу институциите, придонесува за успешно креирање на политики, програми и поефикасни и навремени услуги за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска завчера се обрати на завршниот настан на проектот „Подобрување на квалитетот на податоците и зајакнување на креирањето на политики”, финансиран од ЕУ.  Целта на настанот беше да се презентираат постигнатите резултати на овој проект, во кој покрај Министерството за труд и социјална политика, вклучени беа и Министерството за образование и наука и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање министерката Шахпаска истакна дека квалитетот на институциите и ефикасноста на јавната администрација се клучен фактор за економската и општествената благосостојба на една земја. Како и дека административниот капацитет е предуслов за исполнување на обврските и целите на патот кон ЕУ, за создавање одржлив раст и креирање нови работни места.

 

„Еден од заклучоците на годинешниот економски дијалог ЕУ – Западен Балкан е зајакнување на капацитетите и соработката помеѓу агенциите за вработување и центрите за социјална работа, воспоставување на интегрирани услуги и подобра инклузија на пазарот на трудот. Електронското поврзување и размена на податоци за корисниците на гарантирана минимална помош, што е овозможена со овој проект е во насока на подобрување на меѓуинституционалата соработка и конечно за обезбедување на поефикасни, квалитетни и навремени услуги за граѓаните. Благодарение на електронската размена на податоци, досега се подготвени индивидуални планови за активација за околу 1100 корисници на гарантирана минимална помош“, рече министерката Шахпаска.

Таа истакна дека преку  олеснување на пристапот на Министерството за труд и социјална политика до податоците на Агенцијата за вработување се поедноставува следењето на политиките и мерките за вработување, а истовремено е важно за поголема транспарентност и отчетност на институциите кон јавноста и даночните обврзници.

 

Со развиените веб сервиси, односно алатки за размена на податоци се овозможи поврзување на базите на податоци преку платформата за интероперабилност  и електронска рамена на податоци меѓу Агенцијата за вработување и Министерството за образование. На овој начин се овозможува поефикасна и побрза проверка на податоците за социјален, образовен статус,  статус на вработен, вклученост во активни мерки за вработување, како и електронско изготвување на Индивидуалните планови за активација. Ова придонесува кон намалување на административното оптоварување и трошоци на граѓаните и  вработените во службите.

Министерката истакна дека институционалните капацитети за долгорочно предвидување се зајакнуваат преку надградба на моделот ХЕРМАК и анализа на пазарот на трудот. „ХЕРМАК моделот за предвидување со клучните параметри е надграден во 20 разни економски сектори, следејќи ги новите трендови во делот на предвидувањето на пазарот на трудот. Резултатите од моделот се и ќе бидат поддршка при изготвувањето на стратешки и акциски документи, програми, модели  поврзани  со вработувањето, вработувањето на млади, пазарот на труд и занимањата,“ рече Шахпаска.

Таа ја потенцираше неопходноста од инвестирање во дигитализацијата како суштинска потреба  за градење општество кое ќе ги следи современите европски и светски текови на развој. Како и дека нејзиното воведување во сите институции и на сите нивоа, значи и олеснување на пристапот на граѓаните до права и услуги.

На настанот покрај министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, учествуваа и министерката за образование и наука, Мила Царовска, раководителот на Одделот за соработка на Делегацијата  ЕУ, Стефан Худолин, тим лидерот на проектот Славица Димовска и останати соработници на овој проект.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...