spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: Најмладите од детската градинка „7 Септември“ први ја донесоа новогодишната атмосфера

Пехчево: Најмладите од детската градинка „7 Септември“ први ја донесоа новогодишната атмосфера

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, ја продолжи традицијата пред Новогодишните празници да ги посети институциите кои се занимаваат со работа со деца. Тој денес ја посети детската градинка „7 Септември“ во Пехчево и со кратка директна средба со децата од најголемата група, почитувајќи ги Ковид мерките, на децата во градинката им додели новогодишна елка од Локалната самоуправа.

-Децата се нашата радост, а за нив најголема радост е Новата година и секако Дедо Мраз. Заедно со своите воспитувачки, освен просториите кои ги разубавија деновиве, од денес во полн сјај ќе светне и новогодишната елка, која е обезбедена од Локалната самоуправа. Сите дечиња беа среќни, беа насмеани, беа задоволни и мислам дека целта е остварена. И оваа година општина Пехчево почнувајќи од наредната недела ќе дели новогодишни пакетчиња во неколку институции, вклучително и детската градинка. Станува збор за традиција и целта ни е да им ги изнудиме насмевките, со што ќе покажеме дека се грижиме за подобро општество на сите граѓани, истакна Китански.

Дечињата и вработените на градоначалникот му подарија рачно изработена елка која ќе ја краси неговата канцеларијата за новогодишните празници.

Пред новата година, како и изминатите, децата со воспитувачките и другите вработени со посебна радост учествуваа во китењето на градинката. Онака како што заедно се тука во оваа установа така заедно и учествуваа и се радуваа на оваа активност.

Инаку, новогодишно руво ќе добие и градот. Од локалната власт најавуваат китење и поставување голема елка во центарот на градот.

 

 

 

 

Извор: Општина Пехчево

Прочитајте