Во Општина Битола, во тек е реализацијата на проектот „Рехабилитација на улицата Даме Груев“ во должина од 763,68 метри во вредност од 4 232 000 денари.
Улицата се асфалтира на потегот од Сали Мостот, до улица „Железничка“. Целосното асфалтирање предвидено е да биде завршено викендов.
Извор: Општина Битола