spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингУТМС: Домаќин на трибината на Фондацијата Конрад Аденауер Штифунг на тема “Европската...

УТМС: Домаќин на трибината на Фондацијата Конрад Аденауер Штифунг на тема “Европската идеја во Западен Балкан – неизвесна иднина?”

На 14-ти декември, Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје беше домаќин на настанот “Катедра Аденауер 2021: Европската идеја во Западен Балкан – неизвесна иднина?”

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје го организираа настанот “Катедра Аденауер 2021: Европската идеја во Западен Балкан – неизвесна иднина?”.

Катедра Аденауер претставува научно – образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на ЕУ и на идното проширување на Унијата.
Настанот го отворија Давор Пашоски, Фондација Конрад Аденауер; Катерина Јакимовска, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс, Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје и Васко Наумовски, Претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91.

На настанот земаа учество со свое обраќање: Аце Миленковски Ректор на УТМС, Сашко Граматниковски Декан на Факултетот за туризам на УТМС, Кирил Миновски поранешен министер за финансии, Јован Андоновски вонреден професор по право на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Васко Наумовски Претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91 / Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Иван Иванов Доцент на Меѓународниот Балкански Универзитет – Скопје.

Оваа научна и образовна платформа преку која студентите стекнуваат знаења но и ги прошируваат своите аспекти за општеството овозможни плодна дискусија од страна на студентите кои вистински се загрижени за својата иднина.

Студентите на денешниот настан беа активни со прашања и отворија плодна дискусија. Една од студентките која се пројави за дискусија и коментар беше и Ана Анчевска од Факултетот за туризам на УТМС. Која изјави: „Во ова време на информираност, сакаме и имаме потреба да ги следиме случувањата во големото европско семејство на нации. Стандардите и правилата кои што се пропишани од ЕУ претставуваат благодети за луѓето и народите кои живеат под истите, бидејќи им нудат, просперитет, благосостојба и напредок. Истите тие стандарди, земјите – кандидати за членство не треба да ги исполнуваат се со цел да ја добијат „влезницата на натпреварот“, туку да им ги овозможат на нивните граѓани, истите убавини како на земјите членки.

 

 

 

 

Извор: Универзитет за Туризам и Менаџмент – Скопје 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...