Стручно едукативно предавање се одржа вчера за учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, во рамки на регионалната кампања за контрола на бездомните кучиња во балканските земји под мотото „Биди негов херој“.
Во организација на Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна и ветеринарство и училиштето, третоодделениците од страна на стручно лице, ветеринарот д-р Димче Велковски од Ветеринарен центар – Скопје, добија совети како правилно да се грижат за своите миленици, колку често треба да ги носат на ветеринар, колкава е одговорноста да се чува еден домашен миленик и многу други интересни факти поврзани со животните.
По предавањето, учениците имаа можност директно да постават прашања и да добијат одговор од докторот, а им беа поделени и едукативни летоци, како и работна тетратка – водич „За да дознаеш како да станеш херој со Мики и Кате“, кои беа обезебедени од страна на Општината.
На настанот беа присутни претставници од Секторот за образование од Општина Кисела Вода.
Извор: Општина Кисела Вода