spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПо само 50 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ пироманска, Скопје е во целосен...

По само 50 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ пироманска, Скопје е во целосен хаос

ВМРО-ДПМНЕ пироманска да ја праша градоначалничката на Скопје и нејзиниот директор на ЈП Улици и патишта зошто се запали објектот на оваа институција.

Исто така Арсовска треба да одговори зошто го поништи јавниот оглас за вработување на 20 нови пожарникари во скопската противпожарна бригада.

Хировите и каприците на Арсовска ја загрозуваат безбедноста на градот Скопје и граѓаните. Неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се потврдува на дело.

По само 50 дена градска власт на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во хаос, се раскинуваат договори за готови проекти, горат објекти на јавни институции.

Граѓаните заслужуваат градски власти посветени на развој и напредок на градот, а не луѓе што работат против нивните интереси.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте