spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНишто ново од Мицкоски, наместо понуда и политика за граѓаните, празни зборови...

Ништо ново од Мицкоски, наместо понуда и политика за граѓаните, празни зборови и политиканство

Ништо ново од Христијан Мицкоски, истите политикантски фрази, истите празни флоскули и неосновани обвинувања.

Политички аматеризам е барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, кога парламентарното мнозинство е стабилно и течат роковите за формирање нова политичка Влада.

Политички аматеризам и крајно несериозно е кога Мицкоски кој беше единствен кандидат на конгрес, човекот кој беше инсталиран во фотелјата во белиот дворец директно од Никола Груевски, денеска да обвинува некого дека е нечиј послушник.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, ништо ново не може да понуди Мицкоски кој е опкружен со стари добро познати лица.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само да работат против интересите на граѓаните, против интересите на државата.

Тоа го гледаме во Собранието каде што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кочат и блокираат закони, тоа го гледаме во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ каде градоначалниците освен поништување на проекти, непотизам и партизација на администрација ништо друго и не работат.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга,...

0
„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се...