Малите деца со големи соништа можат да израснат во големи луѓе со цврсти цели. Инспирирани од важноста на детскиот сон, ИутеКредит Македонија заедно со децата од СОС Детско село направија уникатен календар за 2022 година на кој се прикажани цртежи насликани лично од нив.
Темата на цртежите беше „Мојот сон во 2022 е…“, а во овој креативен натпревар учествуваа повеќе од 30 деца без родителска грижа сместени во комплексот на СОС Детско село во Скопје.
Вработените во ИутеКредит Македонија ги посетија децата во СОС Детско село во нивните семејни куќи каде владее преубава празнична атмосфера. Календарите со нивните мали уметнички дела веднаш се најдоа на ѕидовите на нивните топли домови.
Целиот овој проект совршено се вклопува и во предновогодишната кампања “Избери го својот сон, а ние го имаме решението“ која ИутеКредит ја лансираше на почетокот од овој месец.
ИутеКредит како општествено одговорна компанија со над 85 вработени и во новата година планира слични проекти со цел да го даде својот максимален допринос за поддршка на локалната заедница.
Извор: ИутеКредит