spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Соопштение по повод реакцијата на Драги Рашковски

ДКСК: Соопштение по повод реакцијата на Драги Рашковски

Во врска со реакцијата од 29 декември 2021 година, на семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, за донесената одлука на јавната редовна 58 седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по предмет оформен по сопствена иницијатива за проверка на вистинитоста на податоците од Анкетниот лист и Изјавата од интереси, ја известуваме јавноста:

ДКСК ги спроведува своите надлежности врз основа на прибирани податоци, информации и документи од надлежни институции, без намера   “замајување на јавноста“ или “ намера да и се наштети на нечија личност“.

Според член 17 став 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК има надлежност да покренува иницијатива пред JO, за поведување постапка за кривично гонење за предметите во кои постои сомневање за можни злоупотреби.

Поради тајноста на постапката во конкретниот случај, ДКСК не е во можност да ги објави бараните информации, a целокупната документација ке ја достави до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, која е надлежна мериторно да одлучи.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте