Секретарот на Општина Куманово Гелевски во просториите на Општина Куманово се сретна со професори-претставници од Бугарија, Турција и Литванија, кои заедно со СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-
Куманово активно работат на проектот “Заштита на животната средина” од програмата “Еразмус +”.
На средбата се разговараше запроектните активности, искуствата и очекуваните резултати од проектот.
Оваа работна недела во Куманово ќе
делуваат на тема “Примена на обновливи извори на енергија”, преку: работилници, презентации, видеа и истражувања на ученици, квизови.
Извор: Општина Куманово